сабота, 7. декември 2019. Вести денес: 0
home Вести

Протест на судската администрација незадоволна од одлуките на судскиот буџетски совет

Протест на судската администрација незадоволна од одлуките на судскиот буџетски совет

Предупредувачки прекин на работата на судската администрација. Тие денеска два часа нема да работата но најавуваат дека доколку нивните барање не се исполнат, можен е и штрајк.

Вработените во судската администрација бараат еднаков третман од судскиот буџетски совет како и судиите. Тие инсистираат и на К-15, како и на раст на нивните плати паралелен со растот на просечната плата.

Министерот за информатичко општество, Дамјан Манчевски, тврди дека се во постојан контакт со синдикатот на УПОЗ и се надева дека до крајот на годината ќе биде постигнато решение.