петок, 18. септември 2020. Вести денес: 108
home Вести

Протест на поранешни членови на Независниот синдикат на полицијата поради натамошно запирање членарина

Протест на поранешни членови на Независниот синдикат на полицијата поради натамошно запирање членарина

Поранешни членови на гранскиот Независен синдикат на полицијата (НСП) денеска изразија назадоволство поради, како што тврдат, незаконско запирање на синдикална чланарина од страна на одделот за финансии на Министерството за внатрешни работи за сметка на НСП.

-Се собравме денеска на овој прес поради повеќемесечно и повеќегодишно незаконско запирање на чланарина од нашиот личен доход од страна на секторот за финансии на сметка на гранскиот „независен“ синдикат на полиција. Секторот за финансии продолжува да запира чланарина за гранскиот независен синдикат на полиција иако до споменатиот декларативно независен синдикат доставени се истапници во оригинал како и членските синдикални картици преку кои членовите користат поволности кај коминтентите на синдикатот, што истовремено значи дека ускратени им се сите права и привилегии со самото враќање на синдикалните картици, а за награда продолжува грабеж над истите, изјави Ивица Кузмановски, поранешен член на Независниот синдикат на полицијата и поранешен претседател на Синдикалната организација СВР Скопје.

Кузмановски, како што рече, бил и член на Комисијата за колективен договор, и од повеќе причини поднел истапница и оставка од сите функции.

-Вака написмено преку пополнета истапница и изразената волја за истапување од овој декларативно независен синдикат на полицијата од голем број на полициски службеници е изразена и повеќе од еднаш и не само во просториите на синдикатот, туку се поднесени и истапници во денеска повиканиот сектор за финансии на МВР, но истите не постапуваат согласно изразената волја на полициските службеници и се кршат нивните права за синдикално членување, рече тој.

Според него, Секторот за финансии се оглушува и на доставените списоци со стотици колеги кои бараат исто така на писмено да се престане со запирање на синдикална членарина директно од нивниот личен доход.

-Во врска со ова оглушување на секторот за финансии во мај месец оваа година поднесена е писмено архивирано барање за престанок за записрање на чланарина за гранскиот божем независен синдикат на полиција со прилог список со потребни генералии за да се реализираат правата на полициските службеници. Исто така ова оглушување на секторот за финансии е пријавено до секторот за ВКПСК од кои до ден денес и после седум месеци нема соодветен одговор секако во писмена ниту во електронска форма. Воедно од министерот бараме раскинување на спогодбата за запирање на чланарина од плата за гранскиот декларативно независен синдикат на полицијата. Бараме итно позитивно постапување во врска со нашите барања во спротивно ќе ги активираме сите законски лекови против секторот за финансии, истакна Кузмановски.

Тој рече деа оваа прес-конференција е опомена пред тужба, а барањето да им биде реализирано најдоцна на првата плата.

-Доколку и овој пат наидеме на оглушување и незаконско работење од ваша страна, ќе бидат процесуирани 573 тужби до надлежните судови, кои се веќе изготвени, додаде Кузмановски.

Претседателот на Независниот синдикат на полицијата, Гоце Делчев Тодев, пак, рече дека бил известен утрово оти организирано од страна на старешни и од луѓе во МВР,  дел од вработените се организираат со службени возила, кои, според него, се наводно незадоволни.

-Јас само денеска имам 43 пристапници кои се доставени до МВР, не ги организирам вака со пари на граѓаните. Доколку некој сакал да се отчлени, апсолутно не е спорно и има начин на кој може да се зачленат, а всушност и сега доколку тие истите што наводно биле незадоволни сакаат да се отчленат, веднаш ќе ги отчленам. Меѓутоа проблемот е друг. Отчленувањето на поединци овде е практично врз база на желба на одредени началници, истакна Тодев. (МИА)

Коронавирус