сабота, 16. октомври 2021. Вести денес: 85
home Вести

Протест на грчка граница: „Македонија блокира“ го блокираше граничниот премин Богородица

Протест на грчка граница: „Македонија блокира“ го блокираше граничниот премин Богородица

Во знак на протест против менување на името на Република Македонија, попладнево приврзаници на граѓанската иницијатива „Македонија блокира“ предводена од Јанко Бачев од „Единствена Македонија“, времено го блокираа граничниот премин „Богородица“ во делот за влез во земјава извикувајќи пароли „ова е наша земја“ и дека ќе застанат во одбрана на промената на уставното име на државата.

Присутните на блокадата од повеќе организации, порачаа дека се дојдени за да се слушне нивниот глас и дека ќе ја продолжат битката пред Собранието на РМ, дека ќе ги посетуваат домовите на пратениците и оти од овој момент, како што рекоа, почнува семакедонскиот отпор кој ќе трае до заминување на оваа Влада.

Коронавирус