сабота, 19. октомври 2019. Вести денес: 0
home Вести

Протест: „Доста е! Стоп за насилство врз здравствените работници!“

Протест: „Доста е! Стоп за насилство врз здравствените работници!“

Работниците во здравство во среда ќе протестираат против насилство на скопскиот Клинички центар.

– Ова ќе биде последна опомена и изразување на нашиот револт, не смееме да работиме под страв во и онака лоши услови! Време е државата да преземе итни мерки и да не заштити, во спротивно, организирано ќе престанеме со работа се до решавање на овој проблем! – велат од Асоцијацијата на млади лекари и специјализанти кои се организатори на протестот.