вторник, 26. октомври 2021. Вести денес: 0
home Вести

Просветителите ја извојуваа битката со владата

Просветителите ја извојуваа битката со владата

Зголемување на платата на просветарите ама дури од април следната година. Вработените во образованието науката и културата добија понуда на маса од догодина да имаат за 10 отсто поголема плата.

Понудата е од Владата, а е резултат на преговорите на владини претставници со Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК). На средбата присуствуваа министерот за образование и наука Арбер Адеми и претседателот на СОНК, Јаким Неделков, но и премиерот Зоран Заев.

Според информациите, предлогот утре ќе биде разгледан и на седница на Владата. За него пак, СОНК ќе го запознае членството и дополнително ќе се изјасни дали ќе прифатат или не.

Средбата следуваше по изразеното незадоволство на СОНК од платите на просветарите кои не беа задоволни од покачувањето на платата од пет проценти што беше во септември. На првиот училишен ден одржаа предупредувачки штрајк.

 

Најнови вести

Локални избори 2021