сабота, 19. октомври 2019. Вести денес: 0
home Вести

Прославата за НАТО поважна од реалните потреби на народот: Што сѐ можеше да се направи со 180 000 евра?

Прославата за НАТО поважна од реалните потреби на народот: Што сѐ можеше да се направи со 180 000 евра?

Граѓаните велат наместо да се фрлаат пари за непотребно славење кое чини неверојатни безмалку 180 000 евра, тие пари требаше да се искористат за подобрување на инфраструктурата во државата, да се помогне на оние кои немаат доволно средства за болничка нега, да се отворат градинки, анализира Алфа телевизија.

Руинирани амбуланти, долги листи на чекање за бесплатно лекување, дупки по улиците… ваква е моменталната ситуација во Македонија. Граѓаните велат наместо да се фрлаат пари за непотребно славење кое чини неверојатни безмалку 180 000 евра, тие пари требаше да се искористат за подобрување на инфраструктурата во државата, да се помогне на оние кои немаат доволно средства за болничка нега, да се отворат градинки.

Во срцето на Ѓорче Петров се наоѓа општинската амбуланта кој е пред распаѓање, мувлосани sидови, валкани тоалети, и недостаток на кадар, жителите од општината револтирани, велат наместо Владата да дава пари и да слави датум за датум во ЕУ и условена покана за влез во Алијансата, надлежните институции треба да ги користат финансиите подомаќински и да вложува во она што е навистина важно за жителите, а тоа помош за лекување онаму каде што е најпотребно.

Социјалните мрежи се уште вријат, фејсбук е преплавен со коментари зошто се даваат пари за помпезни, а сепак празни забави. Професорот Димитар Апасиев од Левица запраша колку Тамари чинела НАТО и ЕУ журката.

Вчера Владата испрати извештај каде стои дека се потрошиле околу 180 000 евра за прославата која беше организирана во саботата .

Доколку низ сите 15тина града, вкупно се собере дека присуствувале 10 000 посетители, што спроед фотографиите објавени во медиумите, се гледа дека бројката и не е толку голема, практично секој посетител си платил по 18 евра за да се забавува на НАТО журката организирана од Владата, а финансирана од џебот на граѓаните. Во извештајот кој го испратија од Илинденска стои дека во секој од 15те градови се потрошени околку 12 000 евра за да се исплатат артистите, сценската опрема, бините, системите за озвучување и осветлување и другите трошоци. Всушност во градовите како Кичево, Струга, каде одвај имаше вкупно 500 посетители на двете локации, оние кои ја посетиле забавата практично си платиле околу 50 евра за да присуствуваат на евентот.