среда, 20. јануари 2021. Вести денес: 30
home Вести

Просечната плата расте бидејќи слабо платените работници остануваат без работа

Просечната плата расте бидејќи слабо платените работници остануваат без работа

Граѓаните од ден на ден живеат се потешко. Големо влијание на тоа имаше и ковид пандемијата.

Од почетокот на пандемијата, односно од месец март до денес над 50.000 граѓани останаа без своите работни места. Но очигледно владата нема слух за ова и гледа да работи само за своите цели.

Додека граѓаните едвај врзуваат крај со крај од Владата деновиве информираат дека во услови на криза просечната нето плата се зголемила односно во октомври изнeсувала 27.899 денари.

-Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во октомври 2020 година изнесува 27.899 денари и е повисока за 8,4% во однос на истиот месец лани, поточно за 2.173 денари. Дополнително, споредено со месец септември истата е повисока за 1,8%, или за 494 денари, објави денеска Државниот завод за статистика, се вели во соопштението од Владата.

Но, ако се увиде реалната слика за тоа каква е состојбата со државата повеќе од јасно е дека ова е уште лага на власта да ја прикрие својата неспобност. Бројката од над 50.000 лица кои останааа без своите работни места претежно се лица вработени во текстилната индустрија, кожарската индустрија, малите претпријатија и се лица кои месечните примања им се сведени на минимална плата.

Па оттука повеќе од јасно е зошто власта се „фали“ дека просечната плата се зголемила, а тоа е дека оваа катeгорија на граѓани кои земаат пониска плата останале без своите работни места.

Коронавирус