среда, 28. октомври 2020. Вести денес: 147
home Вести

Пропаганда за време на коронавирус и вонредна состојба

Пропаганда за време на коронавирус и вонредна состојба

“Село гори, Златко Марин се слика”

Наместо реални и конкретни мерки, на градоначалникот му дојде до сликање.
Марин во одбрана на СДСМ пак ја оплеска работата… наводно се работи нешто…
Неспособни за ништо, од проблеми со учебници, униформи, храна, до сега злоупотреба дека нешто се работи!

Неколку прашања што треба да ги одговори во јавност, особено на росителите на учениците, пред да ја направи првата фотографија:
1. Дали ваквиот начин на учење е усогласен со Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието❓
2. Дали ќе се земе во предвид оваа наставна активност при оценување или ќе чека насоки од МОН за тоа како да продолжи учебната година❓
3. Што ќе се случи ако МОН предложи друга платформа и друг начин за online учење❓
4. Како ќе го спроведе учењето кај дечиња со посебни потреби❓
5. Што е со оние дечиња и родители кои немаат пристап до компјутер или smart телефон❓
6. Што е со оние учители кои немаат компјутер или smart телефон❓

Ако сте сериозни и навистина сакате да ги спроведете часовите, послушајте ги експертите кои предлагаат:
1. МОН да одбере платформа, бидејќи нема време да создаде сопствена, за целосно online учење.
2. Да се дадат насоки на сите директори на основните училишта за користење на таа платформа.
3. Преку Бирото за образование и наука да се организира виртуелна обука на наставниците за користење на платформата и изготвување на наставните програми, синхрони предавања, видео снимки, „Powerpoint“ презентации и друго.
4. Да им се понудат темплејти на наставниците за наставните предмети и да се посочат алатки кои може да ги користат.
5. Да се мапираат ученици на кои треба да им се помогне со обезбедување на опрема за поддршка на современи апликации и истата итно да ја набави.
6.. Да се обезбеди обука за родителите кои имаат потреба од тоа.
7. За учениците со посебни потреби да обезбеди посебна обука на родителите.
8. Да се подготви посебна стратегија со употреба на информатичка технологија за оценување на стекнатите знаења, особено за учениците кои го завршуваат основното образование.

За дополнително објаснување, #GoogleClassroom е алатка чија примарна цел е споделување на материјали помеѓу учителите и учениците, не за спроведување на online настава.

Постојат сериозни платформи, кои освен споделување, овозможуваат и live streaming, прикачување на видеа, двонасочна комуникација помеѓу учителите и учениците, посебна методологија за оценување и други потребни алатки за непречено одвивање на online настава, кои сериозно можат да помогнат во спроведување на наставата, меѓутоа повеќе од јасно е дека Министерството за образование и наука нема концепт, а општините импроцизираат со наставно-образовниот процес.

Златко Марин, не е ова приватна работа, па ќе си експериментираш. Станува збор на огромен број на ученици и родители кои очекуваат дека општината ќе преземе сериозни активности во координација со МОН во насока на квалитетен наставно-образовен процес.

Ама не, вие секој посебно си терате, не можете да се координирате, три години веќе сте во самоизолација, напиша на Фејсбук, Дејан Митески од ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести

Коронавирус