петок, 18. септември 2020. Вести денес: 108
home Вести

Промовиран проектот „Полицајци – велосипедисти“ во општина Центар

Промовиран проектот „Полицајци – велосипедисти“ во општина Центар

Пред СВР Скопје – Полициска станица Центар денеска беше промовиран проектот “Полицајци – велосипедисти“.

Од Општината информираат дека на почетокот на територијата на општина Центар ќе патролираат шест полицајци, по двајца полицајци-велосипедисти во одделни реони. Со ова, како што се наведува, ќе се подобри ефикасноста во извршување на секојдневните задачи и активности на униформираните полицајци во централното градско подрачје.

Со ова ќе се придонесе и во борбата за заштита на животната средина. Овој проект во иднина ќе се усовршува и надоградува со цел за подобар квалитет во безбедноста и сигурноста на граѓаните. Полицајците – велосипедисти треба да бидат главен двигател во имплементацијата на проектот „Полицијата и граѓаните“ со нови стандарди и начини на комуникација и соработка, посочуваат од општината.

Коронавирус