понеделник, 26. октомври 2020. Вести денес: 22
home Вести

Промотор: Кој се изживува со вработените во МВР? 10 дена без клима и 40 степени

Промотор: Кој се изживува со вработените во МВР? 10 дена без клима и 40 степени

Дека системот на држата не функционира и дека Министерството за внатрешни работи и понатаму тоне во проблеми покажува и овој случај.

Изживување или подигрување со животите на вработените се случува изминатите десетина во Министерството за внатрешни работи каде вработените работат на 40 степени со расипани клима уреди. Десет дена веќе вработените во кругот на Министерството за внатрешни работи преживуваат на супстандардни услови кои не овозможуваат нормално функционирање и работење.

Поради високите температури секојдневно се случува некој од вработените да има сериозни здравствени проблеми, главоболка до онесвестување. Никој не знае и не кажува кога ќе се решат проблемите.

-Ниту се дише, ниту се живее, ниту се работи, коментираат вработени во МВР.

Состојбата дополнително ја отежнуваат високите температури изминатите денови и најавите на метеролозите дека следува уште пожешко време. Работењето во канцеларија на 40 степени може да предизвика сериозни и долгорочни проблеми.

Превземено од Промотор.

Коронавирус