четврток, 22. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

Промотивно-едукативен настан за броба против беснило

Промотивно-едукативен настан за броба против беснило

Агенцијата за храна и ветеринарство во соработка со Ветеринарната комора на Македонија денеска пред Школка во Градски парк организира промотивно-едукативен настан за подигнување на јавната свест за беснилото и важноста од вакцинација на домашните миленици како една од превентивните мерки за ширење на оваа болест која е опасна и за човекот.

Настанот се организира по повод Светскиот ден на борбата против беснило што се одбележува на 28 септември, а годинава е под мотото „Прати ја пораката, спаси живот“.

Според програмата, ветеринарните друштва од 10:30 до 13 часот ќе вршат бесплатен преглед на домашните миленици и ќе даваат совети за заштита на нивното и здравјето на нивните сопственици.

За најмладите ќе се организира едукативна работилница – ликовна академија на тема „Јас и мојот миленик”, а ќе присуствуваат и деца од СОС Детско село – Скопје.

МИА

Најнови вести

Коронавирус