четврток, 22. октомври 2020. Вести денес: 15
home Вести

Промоција на Стратегијата за образование за 2018-2025 година

Промоција на Стратегијата за образование за 2018-2025 година

Министерството за образование и наука денеска ќе ја промовира Стратегијата за образование на Република Македонија за 2018-2025 година и нејзиниот акциски план.

На промоцијата, како што е најавено, ќе се обратат евроамбасадорот Самуел Жбогар и Министерката за образование и наука Рената Дескоска.

Стратегијата, како што информираат од МОН, е подготвена со поддршка од Европската унија, преку реализација на ИПА проектот „Техничка помош за подготовка на сеопфатна Стратегија за образование 2016 – 2020“ во рамки на Оперативната програма „Развој на човечки ресурси 2007-2013“.

Работна верзија од стратешкиот документ е дискутирана на Собраниската комисија за образование, наука и спорт, во ноември 2017. Владата на Република Македонија ја усвои Стратегијата за образование 2018-2025 со Акцискиот план на 31. јануари 2018 година.

МИА

Коронавирус