петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

Промоција на 10 реновирани железнички станици во Македонија

Промоција на 10 реновирани железнички станици во Македонија

Десетте реновирани железнички станици во Македонија, по линија на Паневропскиот коридор 10 и кракот 10-д, ќе бидат промовирани денеска во Велес, како дел од кампањата „ЕУ за тебе“ за промоција на инвестициите на ЕУ во Македонија.

На промоцијата ќе присуствуваат вицепремиерите за европски прашања  и за економски прашања и координација со економските ресори, Бујар Османи и Кочо Анѓушев, како и евроамбасадорот Самуел Жбогар.

Како што соопшти СЕП, Османи, Анѓушев и Жбогар ќе извршат увид на реновираната железничка станица во Велес, по што симболично ќе отпатуваат со воз до железничката станица Чашка, која, исто така, е реновирана со овој проект.

Коронавирус