недела, 25. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

Променливо облачно време, викендов ќе биде потопло

Променливо облачно време, викендов ќе биде потопло

Времето претпладне во земјава ќе биде променливо облачно, а попладне облачноста ќе се намалува.

Ќе дува умерен, наместа засилен ветер од западен и северозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од 6 до 14 степени, а дневната од 16 до 24 степени.

Во Скопје променливо облачно, во втората половина од денот облачноста ќе се намали. Утринската температура ќе се спушти до 10, а дневната ќе достигне до 20 степени.

Во следните денови ќе се задржи стабилно време со пониски утрински температури. За време на викендот и во понеделник ќе дува умерен засилен ветер од јужен правев и ќе биде значително потопло.

Коронавирус