четврток, 24. септември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Променливо облачно време, попладне дожд

Променливо облачно време, попладне дожд

Времето во земјава ќе биде променливо облачно, попладне со врнежи од дожд претежно во западните делови. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер (на места над 70км/час).

Утринската температура ќе се движи од три до осум степени, а дневната температура од 10 до 15 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, попладне со врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер.

Утринската температура ќе достигне до пет степени, а дневната температура до 11 степени.

Во недела врнежите ќе бидат пообилни (над 25л/м2) во форма на невреме. Од понеделник ќе преовладува променливо облачно време со услови за локален дожд, а на планините снег. Ќе дува засилен северозападен ветер.

Коронавирус