понеделник, 10. мај 2021. Вести денес: 0
home Вести

Променливо облачно време, ќе дува умерен ветер од северен правец

Променливо облачно време, ќе дува умерен ветер од северен правец

Времето во земјава ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со услови за слаб локален дожд претежно на северозападот. Ќе дува слаб до умерен северен ветер кој краткотрајно во северните делови ќе засилува.

Утринската температура ќе се движи од 0 до 7, а максималната ќе достигне од 11 до 21 степен.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до 4, а дневната ќе достигне до 18 степени.

Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време и со услови за појава на слаб локален дожд и со сончеви периоди кои ќе бидат почести во среда и четврток. Ќе дува слаб до умерен претежно северен ветер кој во средината на денот ќе засилува. До петок температурите ќе бидат во пораст, а за време на викендот ќе биде малку посвежо и врнежливо.

Коронавирус