четврток, 3. декември 2020. Вести денес: 184
home Вести

Променливо облачно со слаба магла по котлините, вечер дожд и снег

Променливо облачно со слаба магла по котлините, вечер дожд и снег

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно, претпладне со слаба магла по одделни котлините и по речните долини.

Кон крајот на денот и на преку ноќта ќе има локални врнежи од дожд, на повисоките планини ќе има услови за врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до минус пет, а дневната температура од седум до 14 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, претпладне со слаба магла.

Утринската температура ќе достигне до минус три, а дневната температура до осум степени.

Во среда ќе дува засилен северен ветер. Потоа во следните два дена ќе биде стабилно со ниски утрински температури, а за време на викендот се очекува нов влажен бран.

Коронавирус