недела, 20. септември 2020. Вести денес: 83
home Вести

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Времето во земјава ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, поинтензивни на истокот. На југоистокот ќе има услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од седум до 14 степени, а дневната температура од 12 до 22 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Утринската температура ќе достигне до 11 степени, а дневната температура до 20 степени.

За време на викендот ќе биде променливо облачно и врнежливо со повеќе сончеви периоди во сабота, а поинтензивни врнежи во недела. Следува периодот со услови за појава на утринска магла по котлините, но и на позитивни утрински температури.

Коронавирус