четврток, 29. октомври 2020. Вести денес: 162
home Вести

Променливо облачно со дожд и снег

Променливо облачно со дожд и снег

Времето денеска ќе биде променливо облачно време со локални врнежи од дожд, а на планините од снег.

Ќе дува умерен јужен ветер. Утринските температури ќе се движат од еден од пет, дневната највисока температура на воздухот ќе се движи во интервалот од шест до 12 степени.

Во Скопје променливо облачно со услови за слаб локален дожд и умерен југоисточен ветер.

Температурата во утринските часови ќе се спушти до три степени, а максималната ќе достигне осум степени.

Во вторник ќе се задржи променливо облачно време со локални врнежи од дожд, на планините од снег. Дневните температури ќе бидат во благ пораст. Потоа од среда следува период на стабилно и суво време, а од четврток со значителен пораст на дневната температура.

Коронавирус