петок, 15. јануари 2021. Вести денес: 163
home Вести

Променливо облачно, попладне пороен дожд и грмежи

Променливо облачно, попладне пороен дожд и грмежи

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, околу пладне и попладне нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, особено во западните и крајните источни делови.

Ќе дува умерен северен ветер, особено вдолж Повардарието. Минималните температури ќе се движат од 11 до 18, а макималните од 21 до 30 степени целизусови. УВ индексот ќе изнесува 7.

Како што информираат од УХМР, во вторник ќе настапи постепена стабилизација на времето, но во северните делови се уште ќе има услови за краткотраен попладневен дожд. Потоа следува период на претежно сончево и топло време. 

Коронавирус