Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Димитриеска Кочоска и членот на ИК на партијата Антонијо Милошоски денеска заедно со градоначалникот на општина Зрновци, Борчо Коцев ќе извршат увид на градежни активности на реконструкција на мост „Капетан Синиша Стоилов“.
Настанот е закажан во 13 часот, а истиот се одржува во рамките на активноста „Промените се случуваат, секогаш со народот“.