четврток, 1. октомври 2020. Вести денес: 136
home Вести

Промена на цената на горивата

Промена на цената на горивата

Пред скоро две недели Регулаторна комисија за енергетика ги соопшти новите цени на нафтените деривати.

Денес, напладне се очекува нова одлука, односно промена на цените на бензините.

При последната промена дизелот поевтини за 2,5 денари, а бензините за денар и половина.

Со тоа, ЕУРОСУПЕР 95 започна да се продава за 61,5 денари, додека ЕУРОСУПЕР 98 за 63,5 денари за еден литар.

Дизелот се точи по 58.5 денари за еден литар.

Утре се очекува ново поевтинување, со оглед на тоа се намали цената на суровата нафта на светските берзи.

Во моментов, барел нафта на берзата во Лондон чини 55,3 долари. Тоа е скоро 4,5 долари пониско од просечната цена за претходните две недели врз основа на која Регулаторната комисија за енергетика ги одреди актуелните цени.

Коронавирус