петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 116
home Вести

Пролетта во полн ек: Високи температури во деновите пред нас- УХМР со прогноза за цела недела

Како што информира УХМР, утринската температура ќе се движи од два до девет,  а дневната од 18 до 25 степени. 
Пролетта во полн ек: Високи температури во деновите пред нас- УХМР со прогноза за цела недела

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има преодно зголемување на облачноста со услови за слаб локален дожд во западните планински предели. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.

Како што информира УХМР, утринската температура ќе се движи од два до девет,  а дневната од 18 до 25 степени.

Во Скопје слично време, сончево, а попладне со умерена облачност и со умерен југоисточен ветер. Температурата ќе биде во интервал од седум до 24 степени.

Во наредните денови ќе преовладува претежно стабилно и потопло време со дневни температури кои речиси насекаде ќе надминуваат дваесет степени. Во планинските подрачја кон крајот на работната недела ќе има услови за повремен дожд и ретки грмежи.

Од вторник до сабота утринските температури ќе се движат од три до 12 степени, а дневните од 18 до 27 степени. Најтопло ќе биде в петок, кога дневната температура ќе достигне до 27 степени.

Коронавирус