петок, 14. мај 2021. Вести денес: 0
home Вести

Производителите на слива не добија решение за откупот од надлежните, утре ќе го блокираат патот кон границата со Бугарија

Производителите на слива не добија решение за откупот од надлежните, утре ќе го блокираат патот кон границата со Бугарија

Делчевските производители на модра слива откако, како што велат, не добија никаков одговор на нивните барања за решавање на проблемот со откупот на сливи, решија своето незадоволство да го искажат утре со протест и блокада на Меѓународниот пат А3, кој од Делчево води кон Бугарската граница.

– Протестот се организира со цел да се надмине кризната состојба, која се појави поради непостоење на никаков откуп на пијанечкото сино злато, кое во Делчевскиот регион се мери на околу 6000 тони, род што скапува по нивите. Бидејќи не вроди со плод неодамнешниот протест пред општинската зграда на кој побаравме надлежните да ни помогнат во пласманот од кој зависи егзистенцијата на многу семејства во регионот, ние за утре најавуваме блокада на Меѓународниот пат А3, изјави производителот Благојчо Митревски.

Се проценува дека без откуп во Делчевскиот регион ќе останат околу 6.000 тони модра слива. Слична е, се посочува, ситуацијата и во Берово и Пехчево каде според тамошните овоштари има 4.000 тони модра слива, која чека на откуп.

МИА

Коронавирус