четврток, 3. декември 2020. Вести денес: 175
home Вести

Прогресивниот данок ќе ги осиромаши граѓаните, а ќе обезбеди повеќе пари за луксузирање на Владата

Прогресивниот данок ќе ги осиромаши граѓаните, а ќе обезбеди повеќе пари за луксузирање на Владата

Во јавноста постојано е актуелна темата за прогресивното оданочување. Имено голем дел од експертската јавност јавно го изрази својот револт и незадоволство поради спроведување на оваа реформа. Сепак Владата остана глува и за граѓаните и за бизнис секторот и стопанствениците.

Експертите велат дека со прогресивниот данок ќе се оданочува само еден процент од граѓаните и дека оваа реформа воопшто нема да биде ефективна. Тие сметаат дека друг негативен аспект на оваа реформа е дека има за цел само да собере повеќе пари во буџетот на сметка на одредена група на луѓе кои со сопствен труд успеале да достигнат високо ниво на приход . Понатаму тие велат дека алармантно е што , нема економски раст, не се креираат нови работни места и не се отвораат нови фирми и дека пазарните услови и за тие што веќе работат стануваат се потешки и со тоа притисокот врз економијата и буџетот стануваат се поголеми. Според експертската јавност моменталната Влада не ги решава проблемите, туку ги префрлува на грбот на друга група граѓани, пренесува порталот Економски.мк.

Голем дел од економистите сметаат дека нема никакво реално намалување на непродуктивните трошоци во буџетот. Во јавноста постојано излегуваат информации за многубројни министерства, функционери кои имаат високо платени советници а кои немаат никакво портфолио за работа, додека сепак црпат од буџетот огромни средства.

Со ваква политика само се стимулира сивата економија која негативно се одразува на целокупната економија. Исто така Владата постојано добива критики дека не прави напори за подобрување на даночната наплата со што избегнувањето на даноци ќе постане нова реалност и ќе продолжи да се зголемува.

Коронавирус