среда, 14. ноември 2018. Вести денес: 114
home Вести

Прогресивниот данок ги вознемири и земјоделците!

Прогресивниот данок ги вознемири и земјоделците!

Најавата на владата на СДСМ за воведување на прогресивниот данок ги збуни земјоделците.

Земјоделците се под тежок удар од страна на владата на премиерот Зоран Заев, а деновиве после прес конференцијата на министерот за финансии Драган Тевдовски често поставувани прашања од земјоделците се дали со воведување на прогресивниот данок и тие спаѓаат во групата на граѓани кои ќе треба да го плаќаат данокот, дали ќе се пресметува врз основа на приходите на месечно или на годишно ниво, а на кои немаат конкретен одговор. Според Драган Памуков од здружението Кукла градина од Куклиш и покрај тоа што владата на СДСМ најавувала дебата, консултации и анализи за воведувањето на прогресивниот данок до сега немало организирано ниту една средба или јавна расправа на која ќе се вклучел и земјоделскиот сектор.

Памуков за вестите во Сител изјави дека доколку земјоделците се оданочуваат на целокупниот приход на годишно ниво кој што многу лесно може да помине над милион денари, тоа значи дека за нив нема да остани ништо.

– Земјоделците многу лесно можат сега да поминуваат дам милион денари. Ако се собира тоа на целокупниот приход на годишно ниво земјоделецот многу лесно може да помине над милион денари, а расходот ни е многу високи цени на репроматеријалите значи за нив не останува ништо, а на крај може да бидат оданочени со оној највисокиот данок. Значи проблемот е во тоа што земјоделците стравуваат да не имаат поголеми даноци. Оти овие лоши години кои се наназад во кои луѓето не можат да преживуваат, а не пак и дополнителни повисоки даноци, тоа е проблематично.,, вели тој. Воведувањето на ваквата даночна реформа покрај тоа што ќе предизвика повисоко ниво на даночната евазија и зголемување на сивата економија, ќе ја зголеми и стапката на невработеност односно директно ќе влијае на отворање на нови работни места, а самото тоа значи и загуба на работните места заради пораст на трошоците за работна сила.

Бизнис секторот ваквата постапка ја оцени како избрзана, недоволно обсимислена и во рамките на популизмот.