среда, 8. декември 2021. Вести денес: 0
home Вести

Прогнозата на Заев за победи во 22 општини во првиот круг, целосно фијаско – ВМРО-ДПМНЕ победи во толку општини

Прогнозата на Заев за победи во 22 општини во првиот круг, целосно фијаско – ВМРО-ДПМНЕ победи во толку општини

Целосно фијаско му се случи на СДСМ вчера на првиот круг од локалните избори во земјава.

Според официјалните обработени резултати ВМРО-ДПМНЕ вчера прогласи победи во речиси повеќе од 10 општини уште во првиот круг, а убедливо водство во повеќе од 10 општини.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, вчера преку прес-конференција ги соопшти првичните резултати за повеќето градови и општини низ земјава.

Македонски Брод имаме водство, СДСМ нема да биде во втор круг. Аеродром имаме огромна предност, очекуваме да се заврши во првиот круг. Кисела Вода имаме убедливо водство 2 спрема 1, очекуваме Орце во првиот круг да победи. Сопиште е завршена работата во првиот круг. Центар и Карпош ќе има втор круг. Дарко ја заврши работата во Бутел, го има новиот градоначалник. Чучер Сандево одиме во втор круг, Боби во Гази Баба ја заврши работата во првиот круг. Ѓорче Петров имаме убедливо водство, Александар може да помине во првиот круг. Пехчево одиме во втор круг како првопласирани, Македоница Каменица. Виница три спрема еден победивме. Кочани одиме во втор круг, таму се води борба. Зрновце завршивме во првиот круг. Зелениково одиме како првопласирани во вториот круг. Петровец три спрема еден, останува градоначалник Борче. Илинден ВМРО-ДПМНЕ ги победи двата кандидати на СДСМ. Чешиново-Облешево одиме како првопласирани во втор круг. Штип ја завршивме работата во првиот круг. Да ви пренесам поздрави од Виктор, Карбинци го има новиот градоначалник во првиот круг. Исто така Дејан, Свети Николе има нов градоначалник. Лозово и Пробиштип влегуваме во втор круг. Кратово не успеавме за 13 гласа. Ранковце влегуваме во втор круг. Велес е вмровски град, Марко победи. Имаме победа во Градско. Радовиш влегуваме во втор круг со голема предност. Босилово имаме нов градоначалник. Ново Село и Василево влегуваме како првопласирани во вториот круг. Во Гевгелија сме многу блиску до првиот круг. Неготино го имаме новиот градоначалник. Демир Капија влегувам во втор круг. Кавадарци е со старо-новиот градоначалник Митко Јанчев со 10 илјади разлика. Росоман влегуваме во втор круг. Прилеп ќе го води Јовчевски, кој победи уште во првиот круг. Могила и Новаци имаме градоначалници уште во прв круг. Тони во Битола има голема предност, и најверојатно ќе биде завршена работата. Ресен имаме втор круг. Разликата во Охрид е повеќе од 2000 разлика, ВМРО-ДПМНЕ води во Кичево. Маврово Ростуше имаме втор круг, во Демир Хисар, Диме победи во Јегуновце. Брвеница влегуваме како првопласирани во втор круг, изјави Мицкоски.

Наспроти ова, СДСМ вчера прогласи победи само во четири општини и тоа во Струмица, Ресен, Бутел и Крушево.

Инаку за потсетување на јавноста, Зоран Заев на еден свој неодамнешен митинг ја кажа и својата прогноза која е во предност на неговата партија СДСМ, додека вчера партијата доби целосно фијаско.

„Јас дадов една моја прогноза, тоа се 22 општини завршени во првиот круг за СДСМ и Коалицијата и 6 општини на ВМРО-ДПМНЕ завршени во првиот круг, а секако во останатите општини каде имаме натпревар, ние имаме 69 кандидати за градоначалници и листи во сите 80 општини плус градот Скопје ќе влеземе со видлива предност“, истакна Заев.

Овие резултати се повеќе од јасни дека ВМРО-ДПМНЕ ќе биде убедлив победник во речиси сите општини во земјава, а до утрово  свое водство има и независниот кандидат поддржат од ВМРО-ДПМНЕ и тоа со 66.556, наспроти 62.727 за Петре Шилегов од обработени 80.29%.

Најнови вести

Коронавирус