четврток, 28. јануари 2021. Вести денес: 1
home Вести

Прогласија кризна состојба, а ништо не прават, Заев продолжува со загрозување на животите на граѓаните

Прогласија кризна состојба, а ништо не прават, Заев продолжува со загрозување на животите на граѓаните

Господ нека ни е напомош, тоа беше најчестата реакција во јавноста, откако власта прогласи кризна состојба во Македонија. Но, тоа не е поради сериозноста на пандемијата, туку поради несериозноста на власта, која како и за се досега за време на пандемијата излезе без план.

Наместо да бидат подготвени, со план и стратегија како ќе делуваат уште на почетокот на кризната состојба, тие на првиот ден започнаа со кроење на планот. Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов кој беше поставен на за прв човек на Главниот штаб за управување со кризи, како на шега кажа дека досега бил безгрижен, а потоа побара идеи од граѓаните. Да не знаеме што е поскандалозно. Дали тоа што во ек на пандемија како директор на Центар за управување со кризи бил безгрижен, дали дека на работата гледа како на шега, или дека наместо да излезе со план како ќе работи, тој немаше план бараше идеи од јавноста наместо од соработниците. Поставени на тие позиции се затоа што од нив се очекува да ги имаат идеите, дека треба да знаат што работат. Но, очигледно не знаат.

Откако заврши состанокот на Главниот штаб за управување со кризи, Ангелов изјави дека нивната улога ќе била споредна односно ќе работеле на јакнење на јавната свест за граѓаните да сфатат дека се работи за опасна болест.

Неверојатно, кога од нив се очекуваат конкретни акции и мерки за заштита на граѓаните, тие ќе работеле на јакнење на свеста на граѓаните, ќе ги запознавале за каква болест се работи, небаре вчера се појави болеста. Изминуваат 10 месеци од првиот случај со корона вирус во Македонија, тие сега ќе работеле на свеста. Тоа требаше досега да го имаат направено. Уште на почетокот, но и во текот на летото кога се предвидуваше новиот бран требаше тоа да се работи на јавната свест. На крај на денот, за тоа не е потребна кризна состојба, за тоа не е потребен штаб за управување со кризи.

Во кризна состојба, кога пандемијата голем замав и бројките на заразени и починати се застрашувачки, од Главниот штаб за управување со кризи најмалку се очекува да дели флаери по улици. Од нив се очекуваат конкретни и суштински мерки кои ќе помогнат во заштита на населението и помош за најпогодените кои се справуваат со болеста како што се болниците и лекарите.

Но, од СДСМ не може и да се очекува и нешто друго. Така постапуваат од самиот почеток. Цело време се работи без план, убедувајќи ги граѓаните дека се е под контрола на очиглед на колапсот кој ни се случува.

Немаа план и не ги подготвија ниту болничките капацитети и граѓаните за новиот бран кој дојде есенва, немаат план и стратегија ниту за кризната која по се изгледа не е донесена за справување со корона кризата туку за злоупотреба на ресурси. Катастрофална потфрлање, ужасно менаџирање и свесно загрозување на здравјето на животите на граѓаните.

И бидејќи повеќе не им успева пиарот и лагите дека се е под контрола, сега сакаат да купат одреден период во кој ќе глумат дека нешто работат, иако сите веќе гледаат како системот крахира поради неодговорно и неспособно работење на власта. Токму и затоа реакцијата е Господ нека ни е напомош.

Најнови вести

Коронавирус