вторник, 1. декември 2020. Вести денес: 137
home Вести

Професорот Нацев открива нов скандал во Министерството за одбрана

Професорот Нацев открива нов скандал во Министерството за одбрана

Македонските војници во Авганистан оставени да гладуваат!, открива универзитетскиот професор по одбрана и безбедност Александар Нацев

Дел од припадниците на АРМ кои се упатени во мисијата “RESOLUTE SUPPORT” во ??Авганистан се со истечени НАТО безбедносни сертификати, и воопшто не можат да ги извршуваат своите редовни работни задачи, ниту да се движат низ базата, а некои од нив дури немаат можност да го користат ресторанот за исхрана, па останува отворено прашањето како се прехрануваат додека се упатени на мисија!?, објави Нацев.

Имено, поради промена на начинот на работа на ресторанот за исхрана, заради одредени безбедносни процедури, потребни се пропусници за влез во ресторанот, кои пропусници се издаваат врз основа на важечки безбедносни сертификати (и според регулатива овие пропусници не може да им се издадат на лица кои не поседуваат важечки сертификат). Ова е уште една последица на хаотичното менаџирање на процесот со издавање на безбедносни сертификати и ја доведува ??Македонија и нашите војници во една срамна положба пред нашите НАТО сојузници. Моите информации велат дека нашиот контингент добил и опомена од претпоставените авторитети во базата. Па затоа сакам да ги поставам следниве неколку прашања:

1.Како се дозволило припадници на АРМ да заминат на мисија, а да не поседуваат безбедносни сертификати?

2.Како се дозволило да има истек на безбедносен сертификат кога однапред точно се знае колку време еден припадник ќе помине на мисија?

3.Што прават таму нашите војници кои немаат важечки сертификати, и како ги поминуваат своите денови, кога не можат да влезат во ресторан да се прехранат, а камоли да влегуват во административни и безбедносни зони?

4.Дали овластеното лице од Министерството за одбрана ќе одговара за ваквите пропусти и безбедносни нарушувања?

5.И најважното, како нашите војници ќе се прехранат дури да им стигне новиот безбедносен сертификат, ако се знае дека за сертификат
„Строго Доверливо“ се чека по три и повеќе месеци?

Ваквата ситуација укажува дека нашите војници се жртви и колатерална штета на сметка на неспособното раководење со Министерството за одбрана и декларативните заложби на министерот за одбрана, вели во својата објава Нацев.

Коронавирус