петок, 7. мај 2021. Вести денес: 140
home Вести

Професорот Марковиќ со апел до Тевдовски: Немој ова да го дозволиш, мерката е дестимулативна

Професорот Марковиќ со апел до Тевдовски: Немој ова да го дозволиш, мерката е дестимулативна

Политикологот Ненад Марковиќ преку социјалните мрежи упати јавен апел до најголемата партија во владата и министерот за финансии Драган Тевдовски кој најави дека и физички лица кои што ќе заработат над 1 милион денари ќе бидат даночни обврзници и ќе плаќаат данок како да се фирма.

“Другари од СДСМ – не го правите ова со регистрирање на приватни лица како ДДВ обврзници. Тевдо, колеги сме од УКИМ и те ценам ама ова немој да го дозволиш. Мерката е тапа од секој можен агол. Тапа. Дестимулативна е и во суштина популистичка. Демек најбогатите ќе ги пернеме за да им дадеме на сиромашните. Мало сутра ќе биде овој ефектот. Кога беше ВМРО на власт, потполно истото го зборував. Не ми се допаѓа каде води ова. Промашај од невидени размери…

Професорот Марковиќ од катедрата за политички студии на Правниот фаултетри во Скопје важи за еден од најдобрите политички аналитичари во Македонија и е чест гостин на ТВ дебати на актуелни теми.

Марковиќ е претседател на Македонското политолошко друштво.

Коронавирус