понеделник, 18. јануари 2021. Вести денес: 14
home Вести

Професорката Кокран: Платете ги новинарите и заштитете ги од напади

Професорката Кокран: Платете ги новинарите и заштитете ги од напади

Срамота е да нема млади луѓе што сакаат да студираат новинарство во Македонија, вели професорката Барбара Кокран од Школата за новинарство во Мисури за Гласот на Америка, коментирајќи го фактот дека само девет студенти биле заинтересирани да се запишат на овие студии во 2018 година.

„Новинарството е основен столб на демократијата. Ако нема новинарство граѓаните ќе немаат начин како да добијат независно проверени информации, кои ќе ги искористат за да направат одлуки за нивната демократија“, вели Кокран во интервју за Гласот на Америка.

Спред неа, сопствениците на медиумите мора да размислат како да го направат новинарството кариера во која ќе може да се остане цел живот.

„Платете ги доволно, обезбедите им услови за работа на начин на кој ќе им дозволите да одморат кога ќе работат напорно. Заштитете ги од напади и притисоци. Платете ги новинарите колку што заслужуваат“, вели таа.

Коронавирус