вторник, 25. јануари 2022. Вести денес: 79
АКТУЕЛНО

Црн рекорд: 2341 новозаразени, нови 26 починати од коронавирус

home Вести

Професорите Каракамишева, Силјановска и Спасеновски го издадоа првиот учебник по парламентарно право во земјата

Професорите Каракамишева, Силјановска и Спасеновски го издадоа првиот учебник по парламентарно право во земјата

Во издание на Правниот факултет „Јустинијан Први“ и на германската фондација „Конрад Аденауер“ излезе од печат учебникот по предметот „Парламентарно право“ од авторите проф. д-р Гордана Силјановска – Давкова, проф. д-р Тања Каракамишева – Јовановска и проф. д-р Александар Спасеновски, од катедрата по уставно право и политички систем, што претставува прво вакво дело во земјата кое се однесува на оваа оваа исклучително значајна проблематика.

Во учебникот „Парламентарно право“ на повеќе од 350 страни се опфатени теоретските и компаративните аспекти на законодавната власт како една од гранките на власта во демократските држави, со посебен осврт на местото, улогата и надлежностите на македонското собрание.

Основната намера да се напише овој учебник произлезе, пред сė од потребите на студентите што студираат на правните студии, на политичките студии, на студиите по новинарство, како и на студиите по односи со јавноста, организирани како студии од прв циклус, а, секако и на студентите од вториот циклус, мастер студиите на насоката уставно право и политички систем и мастер студиите по политички науки, информираат авторите. Според нив, со оглед на целите на секој универзитетски учебник, ова дело ќе им биде од полза и на сите заинтересирани субјекти надвор од универзитетите кои се занимаваат или се интересираат за оваа значајна проблематика.

Со реализацијата на оваа идеја, освен што се осовременува наставната содржина на односниот предмет, се влијае позитивно и врз студентскиот стандард, со оглед дека учебникот студентите го добиваат потполно бесплатно.

Сите заинтересирани учебникот по „Парламентарно право“ може да го добијат на Правниот факултет или да го преземат во електронска форма на официјалната интернет страница на германската фондација „Конрад Аденауер“ .

Коронавирус