недела, 24. јануари 2021. Вести денес: 58
home Вести

Професорите и студентите на Институтот за хемија преку протест го изразија незадоволството од условите за работа и студирање

Професорите и студентите на Институтот за хемија преку протест го изразија незадоволството од условите за работа и студирање

Вработените и студентите на Институтот за хемија при Природно-математичкиот факултет во Скопје денеска преку протест го изразија своето незадоволство од условите за работа и студирање.

-Токму заради реномето и развиената висока академска свест, вработените на Институтот со години наназад вложуваа големи напори за амортизација на континуираното влошување на состојбите истовремено укажувајќи на проблемите и правеа напори за нивно решавање. Беа упатувани барања до надлежните за добивање согласност за вработување на млади соработници, за вложувања во подобрување на материјалните услови и поддршка за научноистражувачката дејност, но одговор немаше. Само за последното, означено со „ургентно“, барање на согласност за вработување на 2 асистенти и 4 виши лаборанти (од август 2019) беше побарано дополнително објаснување за фискален ефект, и се надеваме дека ќе биде одобрено, а не оставено „на чекање“ поради актуелните политички случувања од последниве 2-3 дена, велат од Институтот.

Oва континуирано влошување на условите за работа и студирање, без надеж за подобрување, дојде до степен кога е доведено во прашање нормалното реали- зирање на високообразовната и научноистражувачката дејност. Затоа, Стручниот совет на Институтот за хемија на состанокот на 10 октомври одлучи дека е време и јавно да го изрази незадоволството од овој третман, а студентите, откако беа информирани, едногласно го поддржаа и се придружија на протестот.

Трите клучни барања од овој протест се следните:

  • да бидат итно одобрени барањата за вработување на млади соработ- ници од надлежните министерства за ублажување на катастрофалната состојба со подмладок на Институтот за хемија за да може да се реализира практичната настава, што во овој момент е неизводливо. Токму недостатокот на млади соработници – асистенти за практична настава и научноистражувач- ка работа се најакутниот проблем во последните години. Веќе осум години не е добиена согласност за вработување на асистент, а во меѓувреме се случуваат редовни пензионирања на професорите и лаборантите, кои се неопходен дел од практичната настава. Проблемот низ бројки е многу јасно видлив: од вкупно 58 вработени во 2000 година (33 наставници, 11 асистенти и 14 лаборанти), во 2010 биле 44 (30 наставници, 4 асистенти и 10 лаборан- ти), а денес на Институтот работат 24 вработени, од кои 20 наставници (15 редовни професори), 4 лаборанти и ниту еден асистент. Во исто време, бројот на студенти во последните десетина години нема битни промени и дури е во благ пораст со просечно 50 нови студенти на прв циклус студии секоја година и вкупно меѓу 250 и 300 студенти на сите три циклуси на студии бидејќи хемичарите стануваат барани на пазарот на трудот.
  • во буџетот за следната година да бидат предвидени средства за реновирање и опремување на студентските лаборатории, како и средства за реновирање на зградата на Институтот постапно во следните неколку години. Студиите на студиските програми по хемија и денес се споредливи со студиите по хемија на било кој светски универзитет, но важниот дел кој недостига е опременост на лабораториите со услови и инструменти за стекнување на практични вештини. Освен тоа, зградата на Институтот за хемија, која e извонредно проектирана и изведена, не е соодветно одржува- на, особено во последните дваесетина години, и неопходно е да се реновира постапно, во тек на неколку години.
  • во буџетот да се предвидат средства за финансирање на научноистра- жувачки проекти во кои, покрај средства за работа во лабораторија и други потреби, ќе биде вклучена и поддршка за млади истражувачи (школарина и стипендија за магистранти и докторанти) за да ги задржиме најдобрите дипломирани студенти со можност и услови за академска кариера тука! Состојбата со финансирање на научноистражувачката работа во нашата земја е очајна повеќе години наназад, конкурси за национални проекти не се објавени од 2009 година, а стипендии се доделуваат за магистерски и докторски студии во странство, но не и за кај нас! Ова секако не е проблем само на Институтот за хемија (кој е особено препознатлив по резултатите во овој домен), но е проблем на целата академска заедница, за кој треба јавно да се проговори и конечно да се дејствува!

-Вработените и студентите на Институтот за хемија ќе продолжат, како и досега, вредно да работат на своето усовршување, но и понатаму ќе инсистираат на обезбедување услови за студирањето хемија и научните истражувања кај нас да бидат на ниво споредливо со светските универзитети, како што беше порано и може да биде повторно. Ова е остварливо со соодветна поддршка од државата, чиј врвен приоритет треба да биде квалитетно образование и наука како влог во иднината без оглед на моменталната политичка состојба и гарнитура на власт, велат од Институтот.

Коронавирус