вторник, 15. јуни 2021. Вести денес: 0
home Вести

Професор, политичар, лидер, ама и граѓанин за пример: Додека други политичари не го прават ни она на што ги обврзува платата, на Мицкоски не му е срам да се фати и за лопатата! (ФОТО)

Професор, политичар, лидер, ама и граѓанин за пример: Додека други политичари не го прават ни она на што ги обврзува платата, на Мицкоски не му е срам да се фати и за лопатата! (ФОТО)

Снегот не „изненади„ среде февруари… Најмногу скопскиот градоначалник Петре Шилегов, кој на социјалните мрежи се отепа фалејќи се како го исчистил градот кога снег не паѓаше, а сега кога падна, како по обичај падна и тој на испитот. И тој и неговите пајташи градоначалници од скопските општини, кои додека да се сетат да ги исчистат главните сообраќајници и споредните улици, попорво ќе дочекаме снегот сам да се стопи.

Но, дека не чекаат баш сите сонце да огрее среде февруари за да ги расчистат затрупаните улици и тротоари и не работат само кога се работи за дебели пари, со свој личен пример покажа лидерот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Политички лидер на партијата и нејзините членови, професор на факултет на неговите студенти, ама и граѓанин за пример, по дома… Како што е редот, онака како што тоа го прави секој вистински домаќин, Мицкоски тргна да го расчисти снегот, каде ако не најпрвин од сопствениот двор, од пред куќи.

Професорот ги остави настрана пенкалото и компјутерот, па политичарот ги засука ракавите и за разлика од некои други политичари кои не го прават она на што ги обврзува и платата, Мицкоски покажа дека не му е срам да се фати за лопатата. Вредно, уредно, одговорно, домаќински си ја расчисти најпрвин својата авлија, а потоа и она што е дел од тротоарот и улицата пред неговата капија и куќа. Професор, политичар и лидер, ама и граѓанин за пример!, вака го опишува порталот „Вистина“ лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

ЕУРО 2020

Македонија