петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 33
home Вести

Професор Давитковски до власта: Има ли капетан на овој брод? Очигледно е непознавањето на системските закони и уставната поделба на власта

Професор Давитковски до власта: Има ли капетан на овој брод? Очигледно е непознавањето на системските закони и уставната поделба на власта

На денешната јавна расправа во собранието на Република Македонија за Закон за висока раководна служба, професорот Борче Давитковски кој е експерт за административно право и јавна администрација, го искритикува предлог текстот на законот доставен до парламентот. Со овој закон владата сака сите високи функционери во админситрацијата да се бираат од страна на мешана комисија во Собранието, што според експертите е мешање на извршната и законодавната власт, поделени согласно уставот.

Концептуално овде Собранието нема што да се меша. Собранието е политички контролор на извршната власт и таа функција треба да си ја задржи. Во законот за вработени во јавен сектор, во законот за административни службеници, во закон за јавни претпријатија, закон за установи на пример има менаџерски договори, ако директорот не ги исполнува условите едноставно ќе го разрешите, а не да направиме цело театро како што беше изборот на ДКСК од кое произлезе многу промет, а ќарот многу мал, рече Давитковски.

Тој им порача на пратениците со дигнитет да го вратат овој закон и да му речат на министерство во рамките на постоечките закони да си го реши овој проблем.

Да не кажувам дека има толку небулозни одредби, каде имаме човек од ЗЕЛС, а не се применува на локална самоуправа и на град Скопје. Дали има капетан на овој брод. Ве прашувам како може директор да одговара дисциплински , пред кого, пред собраниска комисија?- истакна професорот Борче Давитковски

Давитковски посочи дека се работи за очигледно непознавање на постоечките системски закони. Извршната власт треба да ги решава овие работи, а не законодавната да и помага. Според него овој закон не може да се нарече реформски закон, затоа што реформските закони се носат на почеток, а не на крај на мандат. Ваквиот закон, според професорот, треба веднаш да се повлече.

Коронавирус