недела, 17. октомври 2021. Вести денес: 173
home Вести

Професор Андревски: Со Мицкоски делиме слични вредности и визија да ја вратиме државата на чесните луѓе

Професор Андревски: Со Мицкоски делиме слични вредности и визија да ја вратиме државата на чесните луѓе

Гоце Андревски работи на Квинс Универзитетот, во државата Онтарио, Канада, предава бизнис и корпоративна стратегија на додипломски, магистерски и докторски студии. Со семејството живее во градот Кингстон во државата Онтарио, Канада. Роден е во Скопје, а од неодамна стана стратешки соработник за прашања од областа на бизнисот и организациските стратегии во тимот за “Обнова на Македонија”. Андревски е остар противник на Договорите со Грција и Бугарија, смета дека се неприменливи во реалноста и дека сами по себе ќе станат ништовни. Смета дека државата треба да обезбеди правна и фискална сигурност за развој на бизнисите и дека ова е една од причините зошто најтешко се брани Македонија дома. Неговата визија е да ја вратиме државата на чесните луѓе.

Вечер направи интервју со професорот Андревски, а ние Ви пренесуваме дел од неговото интервју.

Во јануари посочивте дека вашите професионални врски и идни ангажмани со државата Северна Македонија завршуваат, ги прекинувате, поради промена на името на државата. Што беше пресудно да се вклучите во тимот за Обнова на Македонија, кој го води лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски?

Да, посочив дека не сакам да имам никакви професионални врски со преставниците на оваа влада на Македонија затоа што со нив не делам исти вредности. Честа и достоинството се основни вредности на еден човек. Тие прифатија да тргуваат со најинтимните нешта на еден народ – уставното име и историја – за материјални придобивки. Таков срамен чин се коси со моите вредности.

Со господинот Мицкоски делиме слични вредности и ентузијазам за враќање на достоинството на сите граѓани на Македонија. А тоа се постигнува со многу работа и упорност, а не со самопонижување.

Договорите со Бугарија и Грција се реалност, а се спроведува и нивна имплементација. Вие сте остар противник на истите и сметате дека треба да бидат ништовни. Како би се спровела ништовност при силна меѓународна поддршка за истите?

Точно е дека договорите имаат силна меѓународна поддршка и нивно еднострано поништување би имало тешки последици за Македонија.

Мојата теза е дека и без еднострано поништување, двата договори набрзо ќе станат необврзувачки за Македонија затоа што се неспроведливи. Дури ни оваа влада неможе да ги спроведе сите барања на соседите кои произлегуваат од овие договори. Неспроведување на само една обврска од страна на Македонија повлекува реципрочна реакција од Грција и Бугарија, односно блокирање на ЕУ преговорите. Набрзо ќе се најдеме во ситуација кога и двете страни нема да се придржуваат кон договорот.

Зошто Македонија неможе да ги спроведе сите обврски од овие договори? Затоа што преговорите за името на државата преминаа во преговори за идентитетот на Македонскиот народ. Погледнете за што се преговара во моментов. Бугарија бара да прифатиме дека Гоце Делчев не бил Македонец, а тој е еден од столбовите на Македонската држава и идентитет. Грција бара не само државни институции туку и приватни субјекти да не смеат да ја користат придавката Македонски/о за Македонски производи, фирми и градови (како на пример, македонско вино, македонски телеком, македонски брод). Внимавајте, според член 1(3) (х) од преспанскиот договор (и во сооднос со член 1(3) (ф)), во следните три години (до 2022) двете страни треба институционално да преговараат и да најдат меѓусебен договор за користењето на придавката Македонски за комерцијални цели како што се имиња на производи, организации, градови итн. Преговори со Грција значи само едно – или блокада или прифаќање Грција да има ексклузивно право на придавката Македонски. Ќе повторам, тоа е неспроведливо дури и за оваа влада.

Неспроведливи се и сите други лекоумни обиди на оваа влада да ја одомаќинат придавката северна за внатрешна употреба. Не само што ќе завршат неуспешно, туку ова ќе биде запаметено како најсрамен чин во историјата на Македонскиот народ.

Повеќе од деценија живеете и работите надвор од Македонија. Еднаш решивте да заминете, сега решавате да се вклучите во Обновата на родната земја. Која ви беше потешка одлука?

Двете одлуки беа лесни. Првата одлука ми овозможи да се стекнам со знаење и искуство на реномирани светски универзитети во САД и Канада. Втората одлука ме става во позиција да можам да го употребам моето знаење и искуство во развојот на мојата земја. Македонија вложила во мене и време е да добие поврат на инвестицијата.

 

Коронавирус