петок, 4. декември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Професионалниот возач од Кочани нема коронавирус

Професионалниот возач од Кочани нема коронавирус

Мажот од Кочани, кој од вчера е сместен во изолациска болничка соба на Инфективното одделение во Штип е со негативен тест за корона вирус.

Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев за МИА вели дека штотуку пристигнале официјалните резултати од направениот тест, кои покажуваат дека мажот нема коронавирус. Тој истакна дека епидемилозите ја следат неговата здравствена состојба, по што ќе одлучат и кога ќе биде пуштен дома.

Вчера во придружба на епидемилог од Центарот за јавно здравје беше донесен мажот од Кочани, кој имал сомнителни симптоми. Кочанецот е професионален возач и бил во Италија.

Најнови вести

Коронавирус