понеделник, 30. ноември 2020. Вести денес: 83
home Вести

Чулев: Професионалците од МВР беа демотивирани бидејќи криминалните таргети беа во друштво на премиерот и носител на власта

Чулев: Професионалците од МВР беа демотивирани бидејќи криминалните таргети беа во друштво на премиерот и носител на власта

-Добар дел од оние криминалистички таргети односно предмети на оперативно работење се видени и се наоѓаат во друштво на највисоките носители на власта. Имено, тие се наоѓаат во кабинетите на поранешниот премиер, на сегашниот премиер или на високи функционери од власта. Се наоѓаат заедно сликани на социјалните мрежи на семејни или лични настани итн. И кажете дали сметате дека овој професионален кадар со долгогодишно оперативно искуство и работење зарем не знаат дека овие лица се инволвирани во криминални активност, изјави Наќе Чулев, министер за внатрешни работи на Република Македонија во денешното интервју во дневникот на Македонската радио телевизија.

Чулев посочи дека како министер за внатрешни работи кој мора да се грижи за безбедноста на граѓаните и државата во наредниот период ќе настојува да се даде шанса на професионалниот и стручниот кадар кој во изминатиот период на некој начин бил демотивиран.

-Се разбира дека знаат, но поради ризик од загрозување на лична безбедност и безбедноста на семејствата и од страв дека ќе бидат професионално деградирани истите за тоа не водат криминалистички истраги. Заради тоа јас ќе настојувам во наредниот период да им се даде шанса на цел оној професионален и стручен кадар кој во изминатиот период бил демотивиран, го изгубил ентузијазмот или од други причини, не бил мотивиран за работа да ја добијат својата шанса и да бидат соодветно наградени, вели Чулев.

„Јас ќе настојувам поларизацијата и партизацијата во Министерството за внатрешни работи да биде елиминирани за сметка на професионализацијата“, посочи Чулев.

Најнови вести

Коронавирус