недела, 27. септември 2020. Вести денес: 108
home Вести

Проф. д-р Каракамишева ја испрати иницијативата за оценка на уставноста на Законот за двојазичност до 15 амбасади

Проф. д-р Каракамишева ја испрати иницијативата за оценка на уставноста на Законот за двојазичност до 15 амбасади

Проф. д-р Тања Каракамишева – Јовановска ја извести јавноста дека ја испратила англиската верзија на иницијативата за оценка на уставноста на Законот за употреба на јазиците до 15 амбасади во Македонија и до Венецијанската комисија, односно до нејзините колеги кои го напишаа мислењето за законот.

„Нека читаат сите и нека ја видат целата неуставна ујдурма што ни ја стокми оваа ненародна и нелегална власт“ – напиша Каракамишева-Јовановска на Фејсбук.

На цели 11 страници, професорката ја стокми и испрати до странските претставништва обемната англиска верзија на иницијативата за оценка на уставноста на овој контроверзен закон.

Коронавирус