Начинот на добивање на вакцините против коронавирусот на „Фајзер“ и „Модерна“ е според најнова технологија и тие се безбедни, вели за Канал 5 проф. д-р Драган Даниловски.
Според него, заразата е неизбежна поради распостранетоста на вирусот, па вакцинацијата за ранливите групи е клучна.
-Изборот е или вирус, или вакцина, трето нема, вели професор Даниловски.
Целиот разговор на Сања Трајковска Ставров со професор доктор Даниловски гледајте го во вестите во 18 часот.