сабота, 28. март 2020. Вести денес: 5
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Проф. д-р Чибишев: Не земајте Хидроклорокинин и азитромицин (сумамед) без консултација со стручно лице

Проф. д-р Чибишев: Не земајте Хидроклорокинин и азитромицин (сумамед) без консултација со стручно лице

Докторот Андон Чибишев со неколку совети до сите граѓани кои овие денови се во паника поради коронавирусот во нашата земја.

Почитувани браќа и сестри, граѓани на Република Македонија,

Бидејќи во последните неколку денови на социјалните мрежи се појавија информации дека комбинација од два медикаменти може да помогне во лекувањето на инфекцијата од корона вирусот чувствувам одговорност како доктор на медицина –клинички токсиколог да споделам неколку информации со Вас за овие два медикамента.

СЕ работи за лековите Hyrdoxychloroqinе sulfate (Chlorokin) и Azitromicin
( Sumamed).

1. Hyrdoxychloroqinе sulfate (Chlorokin) преставува препарат кој се користи како терапија кај болеста маларија. Употребен правилно, според индикација и во соодветни дози поволно делува во лечењето на некои болести.
Употребен неправилно, нестручно, без консултација со доктор , на своја рака може да биде исклучително опасен по здравјето и животот на луѓето, посебно кај мали деца. Има опишани случаеви каде и минимална доза на овој препарат предизвикува тешки нарушувања на здравјето кај мали деца, со опасност да предизвика и смрт.
Кај возрасни пациенти може да предизвика нарушувања на работата на срцето, бубрезите, црниот дроб и нервниот систем.
Несоодветно и нестручно употребен може да предизвика тешки иревризибилни( неповратни, непоправливи) оштетувања на видот, повраќање, пролив, вртоглавица.

2. Azitromicin ( Sumamed). преставува антибиотик од групата макролиди.
Се работи за исклучително моќен и делотворен препарат кој лекува инфекции предизвикани од различни микроорганизми.
Употребен без индикација,без препорака на доктор и на своја рака може сериозно да го загрози здравјето и животот на луѓето.
– Предизвикува сериозни оштетување на функцијата на црниот дроб, со појава на акутна црнодробна слабост што е животозагрозувачка компликација
– Може да предизвика тежок воспалителен процес на дебелото црево
( псеудомембранозен колитис) што исто така е животозагрозувачка компликација
– Може да предизвика тешки нарушувања на срцевиот ритам
( ветрикуларна тахикардија) што исто така е живото загрозувачка компликација.

Затоа, не набавувајте лекови на своја рака , не ги користете без препорака и консултација со стручно лице.

Останете дома, затоа што секој живот вреди.

Проф . др Андон Чибишев