вторник, 22. јуни 2021. Вести денес: 124
home Вести

Проеска: Скандал, жителите на Крушево се жалат дека градоначалникот им барал да испорачаат 80 гласови за СДСМ или не им пуштал вода за пиење

Проеска: Скандал, жителите на Крушево се жалат дека градоначалникот им барал да испорачаат 80 гласови за СДСМ или не им пуштал вода за пиење

Во Општина Крушево, градоначалникот Томе Христоски ,освен што ништо не реализира од проектите од ветената програма „Живот за сите“,општината ја турна во расипништво и криминал од најголеми размери. Во четвртата година, а фала богу и последна од неговиот мандат, излегуваат на виделина сите лаги, а граѓаните се крајно револтирани,излажени и усрамени што дале доверба на лажго, манипулант и криминалец на типот од Томе Христоски.

Имено, од ветените инвестиции во индустриската зона „Опаленик“ ,се нема отворено ниедна нова ниту странска, ниту домашна ивестиција,туку има затворање на постојната „5 LETERS“ или познатата фабрика за марихуана,нормално отворена во време на ВМРО-ДПМНЕ. Ништо нема од ветената доизградба на инфраструктурата во викенд зона езеро,започната и 80% реализирана во време на ВМРО-ДПМНЕ. Исто така, ништо нема од фамозната обиколница во Крушево, ниту од реконструкцијата на локалниот пат Врбоец – Свето Митрани, а уште помалку од реконструкцијата на регионалниот пат Кривогаштани – Крушево и Крушево – Демир Хисар. Ветениот проект за подобрување на водоснабдувањето во Крушево не е реализиран,ниту пак има реконструкција на постојни вештачки акумулации или изградна на нови. Наместо чистење на каналот и јазот во село Бучин,имаме запирање на водата во село Врбоец. Жителите се жалат дека господинот татко на градот им барал да испорачаат 80 гласови за СДСМ или не им пуштал вода за пиење. Ваков фашизам и уцена за капка вода во 21 век, може да има само кога е на власт ненародната хунта СДСМ во комбинација со Томе Христоски.

Во делот на образование и култура,се уште е во тек реконструкција на горната училишна зграда во Крушево, проект започнат уште од времето на ВМРО-ДПМНЕ.Ова е и единствениот проект, иако недовршен, иако наш, со кој што ги полнат општинските страни на Фејсбук. Всушност ветени беа реконструкција и санација на подрачните училишта во село Саждево, Алданци, Норово и Белушино. За жал се уште нема ништо од пристапните патеки, партерното уредување на училишните дворови, а санитарните јазли се во состојба како по Втората светска војна. Ветеното монтажно училиште во село Јакреново, ниту е започнато ниту им е во план ,а и да им било,тоа ке остане како прв проект што ќе го реализира ВМРО-ДПМНЕ со доаѓањето на власт на следните локални избори. Томе Христоски во својата програма имаше план за традиционален музички фестивал „Да запееме за Тоше“. До ден денес овој проект не се реализира. Во делот на култура единствено што успеа да реализира е укинување на најпосетената и најгледана манифестација на Балканот- Етно град.

Младите во Крушево се иселија, а Томе Христоски вети дека ќе ги задржи и ќе ги вклучи во донесувањето на битни и важни одлуки за општината. Повторно лага и манипулација. По една година од неговото доаѓање на власт,Томе Христоски го укина Локалниот младински совет,кој беше еден од најдобрите во Република Македонија. Младите нема каде да се вработат затоа што слободните и примамливи работни места во Крушево се резервирани за блиската рода на градоначалникот. Почнувајќи од братучеди и сватови, а завршувајќи со сопругата на Томе Христоски, се е тоа добро згрижено и обезбедено, а Антикорупциска по оваа тема е глува и слепа. Граѓаните после ваквиот непотизам ,после сите лажни ветувања и манупулации, ќе ја одберат подобрата опција за град Крушево, а тоа е опцијата ВМРО-ДПМНЕ.

А, за злоупотреба на службена положба од страна на градоначалникот Томе, за неговото непочитување на законите, Закон за работни односи, Закон за основно образование, Закон за административни службеници ,ќе има одговорност, а сите тие злоупотреби веќе и се предмет на разгледување во Основното јавно обвинителство во Прилеп.

Интегрален текст од прес-конференцијата на Билјана Проеска од ВМРО-ДПМНЕ

ЕУРО 2020

Македонија