недела, 25. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

Продолжуваат судењата за „Тенк“ и за „ТНТ“

Продолжуваат судењата за „Тенк“ и за „ТНТ“

Во Кривичниот суд денеска треба да се одржи рочиште од раздвоената судска постапка за поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска за предметот „Тенк“ на Специјалното јавно обвинителство.

На Јанкулоска и се суди во раздвоена постапка бидејќи имаше ризична бременост и беше на породилно боледување.

За случајот „Тенк“ поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски беше осуден на шест години и шест месеци затвор, а поранешниот премиер Никола Груевски како поттикнувач за извршување на делото е осуден на две години затвор.

Случајот „Тенк“ се однесува за набавката на луксузниот „мерцедес“ вреден 600 илјади евра.

Денеска продолжува судењето и за предметот „ТНТ“ за уривањето на станбено-деловниот комплекс „Космос“ на бизнисменот Фијат Цаноски.

Меѓу обвинетите се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот градоначалник на општина Гази Баба, Тони Трајковски.

Според обвинението на СЈО, обвинетите во 2011 година сториле кривично дело од политичка омраза со уривање на комплексот „Космос“ на Фијат Цаноски.

(Миа)

 

Коронавирус