четврток, 22. октомври 2020. Вести денес: 141
home Вести

Продолжуваат разговорите за законот за јавно обвинителство

Продолжуваат разговорите за законот за јавно обвинителство

Нова средба меѓу преговарачките групи на власта и на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за законот за јавно обвинителство, со кој треба да се реши идниот статус на Специјалното јавно обвинителство треба да се одржи денеска во Министерството за правда.

Средбата ја најави вчера премиерот Зоран Заев, изразувајќи надеж дека ќе се постигне договор за законот за јавното обвинителство, бидејќи броени се деновите до затворање на извештајот на Европската комисија.

Работните групи на власта и опозицијата досега одржаа неколку средби за законот за јавно обвинителство. Главните разлики се идниот статус и функционирање на СЈО, судбината на постапките кои веќе се почнати и употребата на доказите.

За усвојување на законот за јавно обвинителство неопходно е двотретинско мнозинство и тој е еден од условите за добивање датум за отворање на преговори со Европската Унија. (МИА)

Коронавирус