понеделник, 20. јануари 2020. Вести денес: 0
home Вести

Продолжуваат преговорите меѓу МОН и СОНК

Продолжуваат преговорите меѓу МОН и СОНК

Министерот за образование и наука Арбер Адеми изјави дека денеска ќе ги продолжат преговорите со Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК).

– Со СОНК денеска ќе имаме заедничка средба, преговорите продолжуваат на најдобар, на најконструктивен начин, задоволен сум од досегашната соработка. Видно покачување на платите сме кажале дека ќе има, но од кога и колкав ќе биде процентот тоа зависи од можностите и од разгледување на сите податоци и параметри што ги имаме, рече Адеми при денешната посета на Центарот за функционална проценка и поддршка на деца и млади.

Тој посочи дека се на иста стрсна со СОНК со цел да се подобри општествениот и материјалниот статус на сите врботени во образованието.