вторник, 24. ноември 2020. Вести денес: 141
home Вести

Продолжува труењето кучиња во М.Каменица

Продолжува труењето кучиња во М.Каменица

Иако неодамна беше извршена акцијата за заловување кучиња скитници во М.Каменица и оваа сабота според информации на граѓани продолжи труењето на оние животни, кои останаа недетектирани од надлежната служба задолжена за нивно безбедно дислоцирање од улиците. Лошата глетка која и денеска можеше да се забележи низ градските улици повторно ги загрижи граѓаните кои велат дека труењето е опасно за околината.

-Не е решение на ваков начин да се решаваат проблемите. Оние кои го прават ова да се запрашаат што се може да се случи ако „не дај Боже“ дете дојде во контакт со она што е наменето за кучето. Навистина треба да има одговорност за таквите грозоморни чинови, велат жители на М.Каменица.

Предупредувањата за расфрлан отров по улиците, граѓаните најчесто ги доставуваат до надлежните, од каде во повеќе наврати им беше возвратено дека ќе бидат преземени мерки за заштита на животните. Оттаму најавија и проверка на изнесените тврдења од страна на поединци, бидејки во неколку наврати велат дека станувало збор за лажни дојави.

Денешниот конкретен случај со триење на кучиња е потврден поради што е најавена зголемена патрола и откривање на сторителите на ваквите појави во иднина. (МИА)

Коронавирус