среда, 2. декември 2020. Вести денес: 172
Во живо

Протест во Куманово – „Оставка на Заев, слобода на народот“!

home Вести

Продолжува судењето за „Т.Н.Т“

Продолжува судењето за „Т.Н.Т“

Во Кривичниот суд денеска треба да се одржи ново рочиште за случајот „Т.Н.Т“ на Специјалното јавно обвинителство за уривањето на станбено-деловниот комплекс „Космос“ на бизнисменот Фијат Цаноски.

Минатото рочиште беше одложено поради неприсуство на обвинетата Марика Зафировска. Нејзиниот адвокат, Дончо Наков рече дека Зафировска била нападната на 1 мај во викендичка во Катланово и дека се уште закрепнува од повредите. Отсуството го оправда со болничко лекување.

Меѓу обвинетите за уривањето на „Космос“ се и поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот градоначалник на општина Гази Баба, Тони Трајковски.

Според обвинението на СЈО, обвинетите во 2011 година сториле кривично дело од политичка омраза со уривање на комплексот „Космос“ на Фијат Цаноски.

МИА

Коронавирус