четврток, 22. октомври 2020. Вести денес: 141
home Вести

Продолжува судењето за „Рекет“, ќе сведочат Орце и Ана Камчеви 

Продолжува судењето за „Рекет“, ќе сведочат Орце и Ана Камчеви 

Судскиот процес за случајот „Рекет“ продолжува денес.

Според најавите, во судот се очекува сведочењето на Орце и Ана Камчеви по предлог на обвинителката за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Рускоска.

Во „Рекет“ првообвинет е Бојан Јовановски- Боки 13 за кривично дело „Примање награда за противзаконито влијание“ и за „Перење пари и други приноси од казниво дело“.

Поранешната шефица на СЈО, Катица Јанева е третообвинета за „Злоупотреба на службената положба и овластување“.

Второобвинетиот Зоки Милевски- Кицеецпо признавање на вина за делото „Примање награда за противзаконито влијание“ е осуден на затворска казна од три години.

Коронавирус