петок, 14. мај 2021. Вести денес: 0
home Вести

Продолжува судењето за „Поткуп“

Продолжува судењето за „Поткуп“

Во Кривичниот суд денеска треба да се одржи ново рочиште за  случајот „Поткуп“,  во кој обвинет е премиерот Зоран Заев.

На претходното рочиште што траеше шест и пол часа, беше сослушан струмичкиот бизнисмен Иван Николов Сачевалиев, како сведок во овој случај.

Интегралната снимка за „Поткуп“, како што беше најавено, требаше да биде пуштена на минатото рочиште, но Судот реши тоа да не се прави по забелешката од Јавното обвинителство дека станува збор за ПИ мерки и заради заштита на сведокот.

Зоран Заев во „Поткуп“ е обвинет дека како градоначалник на Струмица од бизнисменот Сачевалиев побарал поткуп од околу 160.000 евра за легализација на градежно земјиште.

Коронавирус