четврток, 26. ноември 2020. Вести денес: 2
home Вести

Продолжува собаниската расправа за Извештајот на ЕК

Продолжува собаниската расправа за Извештајот на ЕК

Собранието на Република Македонија денеска треба да ја продолжи расправата по годинашниот Извештај на Европската комисија за напредокот на земјава.

Расправата почна вчера, откако најпрво се обрати вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, презентирајќи го Извештајот. Тој потенцира дека се приближува моментот на практична валоризација во однос на препораката за почнување преговори.

– Сигурно на крајот ќе биде политичка одлука која е обременета и од политичкиот контекст во кој се наоѓаат земјава, регионот и ЕУ, но наша обврска е до крајниот момент да ја убедиме секоја земја членка  дека РМ го заслужува ова и оти заслужуваме отворање преговори, рече Османи.

По оваа точка, на дневен ред на 47. седница се повеќе предлог-закони од областа на финансиите, социјалата, образованието, транспортот,…, како и неколку автентични толкувања. 

МИА

Најнови вести

Коронавирус